461
Новиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Игор Златков, го положил испитот по англиски јазик и добил сертификат, што претходно беше пречка за депонирање на неговиот потпис во Централниот регистер.
Сега откако директорот научи англиски и проблемот со потпистот е решен, од Агенцијата велат дека од денеска ќе почне исплатата на субвенциите за земјоделците.
Државата на земјоделците им ги должи дел од субвенциите за 2015 година и скоро сите субвенции за 2016 година.