Отишла во диско и ја претепале

by Fokus

Осумнаесетгодишна скопјанка била претепана од непознато лице кога влегла во диското, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера сабајле во 05.50 часот во Полициската станица Карпош, А.В. (18) од Скопје пријави дека истиот ден околу 03.00 часот во дискотека во Градски Парк била физички нападната од непознато машко лице. Кога влегла во дискотеката и додека се качувала по скалите да оди на горниот дел, физички била нападната од непознато лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости