Украинските сили ќе продолжат да го бранат градот Мариупол и покрај ултиматумот на Русија, соопштија во неделата властите на Мариупол.
Советникот на градоначалникот на Мариупол одговори на барањето на руското Министерство за одбрана да се предадат украинските војници кои продолжуваат да се спротивставуваат на руските напади, велејќи дека украинските сили продолжуваат да се борат.
„Окупаторите објавија во саботата вечерта дека ќе обезбедат „коридор за предавање“ за преостанатите војници“, напиша Петро Андриушченко во Телеграм, пренесе Си-Ен-Ен.
„Но, од денеска нашите бранители продолжуваат да се бранат“, рече тој.
Мариупол е стратешко пристаниште на Азовското Море и е во центарот на напорите на Русија да ги здружи силите во источна и јужна Украина.
Андриушченко, исто така, рече дека отпорот кон Русите продолжува надвор од фабриката за челик Азовстал, гигантски објект кој е бастион за украинските сили кои се борат во Мариупол.
„И покрај желбата на окупаторите да покажат дека местото на непријателствата е ограничено на фабриката за челик Азовстал, тоа не е точно“, рече тој.
Истакна дека „за време на борбите окупаторите повторно гранатирале приватни станови со тешка артилерија“. Продолжило и гранатирањето на пристаништето.