Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска даде отчет за сработеното во 100 дена откако доби втор мандат. Тој наброја се што направил за овој временски период.
„Спортски игралишта, реконструкции и вложувања во училишта, асфалтирање и реконструкции на улици во градот и селата се дел од реализираните проекти за кои денеска отчет даде кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Тој кажа дека кумановци на изборите избрале граѓански концепт, концепт на соживот, на нови проекти за модерен град. Мандатот доделен од граѓаните рече дека е мотив и одговорност за реализација на ветените проекти во кампањата, некои продолжени од првиот мандат.
– Подобрување на инфраструктурата во целата општина беше и продолжува да биде наш приоритет фокусирано како во претходниот, така и во новиот мандат, рече Димитриевски.