Освен објекти, меѓу стотиците дивоградби во Охрид има скали, огради, настрешници

by Фокус

Има распишан тендер за отстранување на бесправно изградени објекти, но дел од објектите во центар и старо градско јадоро ќе се отстрануваат од државата, изјави охридскиот градоначалник Константин Георгиески, откако Комитетот за светско наследатво и даде рок на земјата до 2020 година да постапи по 19 забелешки на Реактивната мисија, од што ќе зависи дали Охрид ќе го задржи статусот во УНЕСКО.

-Од сите 409 предмети кои се во заштитниот појас има тука и скали, настрешници, ограда, не се сите објекти. Според мое мислење нема повеќе од 10 објекти кои се дивоградби и прво тие ќе се отстрануваат – рече Георгиески, додавајќи дека општината не е способна да се справи сама со овој проблем и затоа очекува помош од државата.

Поврзани новости