Осумнаесетгодишно момче прободело со нож 32-годишен скопјанец

by Fokus

Триесет и двегодишен скопјанец бил прободен со нож, информираа од министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вчера околу 10,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје  од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен Љ.Р.(32) од Скопје со убодни рани од остар предмет. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и констатирано било дека Љ.Р. додека бил пред неговата куќа од страна на С.Х.(18) бил прободен неколку пати со нож во пределот на левата рака. На истиот од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

По преземени мерки С.Х. бил пронајден и приведен, а  пронајден е и ножот со кој го извршил нападот.

Поврзани новости