893
Во серија вооружени напади во рок од еден час во три салони за масажа во Атланта во американската сојузна држава Џорџија, 21-годишниот Роберт Арон Лонг уби осум лица, од кои најмногу Азијци.
Сепак, Лонг изјавил дека настанот нема расна позадина, туку, како што рече, причината била неговата зависност од секс.
Тој стрелаше кон пет лица во азискиот салон за масажа Јунгс во Акорд, околу 50 километри северно од Атланта.
Се случија напади уште во два салони, а полицијата верува дека зад сите стои истото лице.