Осумката независни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ бара учество во измените на Изборниот законик

by fokus

Осумтемина независни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ јавно побараа да учествуваат во рабтоните групи кои ќе разговараат за измени во Изборниот законик.

„Функцијата на Собранието во парламентарна демократија, каква што е РС Македонија, треба да се надоградува. Во таа насока, време е за прашања значајни како изборниот законик да се зборува транспарентно и со учество на повеќе страни. Пратеници, граѓански сектор, јавноста, треба да бидат дел од овој процес за истиот да заврши позитивно и како што е најдобро за демократијата.  Никој нема ексклузивно право над овие значајни прашања, а нашето учество ќе го обогати процесот и ќе допринесе за поквалитетно решение“, велат од независната пратеничка група.

Поврзани новости