Осум ученици загинаа по вчерашниот напад во Кина

by fokus

Вкупно осум од десетте ученици кои беа хоспитализирани по вчерашниот напад во Кина, починаа, соопшти денеска локалната полиција.

Нападот се случи во утринските часови во основно училиште на првиот ден од училишната година во градот Енши, во централната кинеска провинција Хубеи.

Сите повредени ученици беа итно хоспитализирани, но само две деца го преживеаја нападот.

Полицијата досега не открива со какво оружје бил извршен нападот и кој бил мотивот на напаѓачот. Според локалните медиуми, мажот не бил женет и претходно му било судено за обид за убиство. Полицијата засега не ги потврди овие информации.

Поврзани новости