666
Шеесет и четири вработени лица на Клиниката за кожни болести, 11 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 пациенти кои се лекувале во дневната болница во клиниката се во 14 дневна изолација, откако тие биле во контакт со директорката која е заболена од корона вирус.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој информираше дека осум лица се тестираат за корона вирус.
Покрај тоа, тој додаде дека Клиниката е затворена,а салата каде се одржал симпозиуот е исчистена, исто како и Клиниката за кожни болести.