По масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во средата во Белград, синоќа се случи ново масовно убиство во Србија.
Во Младеновац, Урош Б. (21) во полноќен напад со автоматско оружје уби најмалку 8 лица, а рани најмалку 13. Така, во овие две грозоморни крвави чина во Белград и неговата околина за помалку од 48 часа загинаа дури 17 лица.
Според репортерот на Блиц, силни полициски сили се уште се на местото на злосторството.
Драматичната потера по убиецот од Младеновац трае од моментот кога се случило злосторството. На терен има силни полициски сили и во потрагата по терористот учествуваат над 600 припадници на Министерството за внатрешни работи. Вклучени се и хеликоптери и термални камери.
Секој дел од општината е „чешлан“ од сите специјални единици.