492
Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска ќе се изјаснат за нов состав на Парламентот.
На владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ќе и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.
Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата Обединети за Унгарија, а според експертите ова се неизвесни избори. Првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи.
Покрај изборите, денеска се одржува и референдум за ЛГБТ образование во училиштата.