Се верува дека осум лица се затрупани под урнатините на две згради во Марсеј, кои денеска се урнаа по експлозија.
Пет лица се примени во болница со сериозни повреди кои не се опасни по живот, јавува Ројтерс.
Обвинителот на градот Марсеј, Доминик Лорен изјави дека се уште не е позната причината за експлозијата.
Истрагата и напорите за спасување се отежнати поради пожарот на местото на несреќата, кој сè уште не е под контрола, додаде таа.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен објави дека третата зграда во близина делумно се урнала по експлозијата.
Евакуирани се станарите од 30 околни згради, додаде Дарманен.
Францускиот министер за домување Оливие Клајн изјави за Радио Европа 1 дека околу 180 луѓе се евакуирани.
„Мислите се со Марсеј“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер.