Осум лица работат во кабинетот на Касами за 10 денари месечно

by fokus

Општина Тетово денеска објави список за склучени договори на дело за лица кои работеле во кабинетот на Касами во декември 2021. Според списокот, ангажирани биле осум лица, а месечниот хонорар им бил 10 денари.

-Општина Тетово, залагајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува списокот на договори на дело склучени со општина Тетово за месец декември 2021 година. Има вкупно 8 доброволни договори од по 10 денари. Овие лица се дел од кабинетот на актуелниот градоначалник.Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово.Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој 3-ти месец, велат од Општината.

Касами претходно побара да ги вратат средствата сите оние што земале хонорари, а не работеле во општината за време на мандатот на Теута Арифи.

Поврзани новости