392
Осум лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила синоќа на автопатот Гостивар –Тетово, кај месноста „тумчевишка клучка“. Според првичните сознанија до сообраќајката дошло при престигнување, по што се судриле комбе со италијански регистерски ознаки, и автомобил „мерцедес“ со албански ознаки.
По сударот, возилата, кои се движеле кон Тетово, излетале од коловозот. Во комбето покрај возачот имало шест патници, а во морцедесот вкупно шест лица. По пружањето на медицинска помош, сите повредени се пуштени на домашно лекување.