Популарната фолк пејачка Ани Малинкова (48), која е активна на сцената повеќе од три децении, ја пронашла својата сродна душа. Атрактивната кавадарчанка која долги години живее во Скопје, за ,,Фокус” открива дека осум години по разводот, повторно е вљубена, а нејзиниот избраник е Ѓорѓи Тренески.
За него, вели дека е човек кој нема јавна професија, и затоа сака да стои подалеку од очите на јавноста, но сепак, љубовта не може да се скрие.
-Животот оди напред, ни се случи љубов. Со Ѓорѓи се запознавме случајно, за време на летување во Куба, пред пандемијата. Ме освои со шармот, а од посебна важност ми е тоа што ми е голема поддршка во се, тоа многу значи кога некој има професија како мојата.
Да, се најдоа нашите сродни души, но не би откривала повеќе детали од приватноста. Вљубени сме, среќни, и тоа е тоа – изјави Малинкова, која од првиот брак има две возрасни ќерки, а периодов е доста актуелна на социјалната мрежа Тикток.
Лани во септември, во интервју за ,,Фокус” раскажа дека живее исполнет живот и секогаш внимава на својот изглед. Откри дека направила третмани со ботокс и затегнување на лице и тело со колаген во ординацијата Др. Анчевски, и дека естетските третмани и дале дополнителна самодоверба, која и е потребна на секоја жена.
-Секогаш сакам да изгледам убаво, негувано и средено, оти жената која е задоволна со себе може да биде среќна и да ја шири таа среќа наоколу, појаснуваше пејачката.
Раскажа дека влегла во помирни води кога е музиката во прашање, и не настапувала повеќе на фестивали, бидејќи по сите награди и признанија, решила да им отстапи простор на помладите колеги.
Кога е снимањето на нови музички материјали во прашање, не брзала, туку чекала некоја песна да ја допре во срце, па дури тогаш влегувала во студио.
Вики Клинчарова