Украина денеска објави дека спречила руски диверзии дизајнирани како серија бомбашки напади врз трговски центри и кафуле во главниот град Киев, како и врз индустриско претпријатие во западниот град Лавов.
– Двајца руски воени агенти се уапсени под сомнение дека се вмешани во наводен заговор и запленети се 19 експлозивни направи, објави украинското обвинителство на апликацијата Телеграм, пренесува Ројтерс.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека четирите бомби требало да бидат активирани во главниот град на 9 мај, денот кога Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија во 1945 година.
– Според планот на руската специјална служба, експлозивите требаше да бидат активирани во супермаркетите за време на шпицот за да се нанесе максимална штета на цивилното население, се наведува во соопштението на СБУ.
Според информациите на SBU, експлозивни направи во пакетчиња чај требало да бидат поставени во трговските центри во Киев, а бомбата требало да биде поставена во автомобил во близина на прометно кафуле.
Нападот врз наменската индустриска компанија во Лавов требаше да се случи минатиот февруари, според соопштението на SBU.
Засега нема коментари од Русија за овие обвинувања.