430
Лидерот на Златна зора, осуден на затворска казна за формирање и водење криминална организација, од затвор бил пренесен во болница со Ковид-19, каде што е хоспитализиран во критична состојба и приклучен на респиратор, објавија грчките медиуми.
Според истите информации, 64-годишниот Михалољакос не е вакциниран, хоспитализиран бил пред неколку дена, а од синоќа, поради влошената ситуација е приклучен на апарати.