Осудениот гинеколог Николче Дамчевски починал од Ковид-19 во Софија

by fokus

Гинекологот Николче Дамчевски кој беше осуден на затворска казна бидејќи лажел пациентка дека е бремена и успеа да избега во Бугарија, починал од компликации од Ковид-19 во Софијa. Според неофицијални информации, Дамчевски починал во средата, а денеска ќе биде погребан. Според податоците од МВР, тој имал 47 години.

Тој беше осуден на две години затвор, а Лекарската комора му ја одзема лиценцата на седум години.

Се товареше дека девет месеци презентирал состојба на лажна бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување.

Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање, тој ѝ признал на пациентката дека таа не е воoпшто бремена. По пресудата тој избега во Бугарија каде извесно време работеше во медицинска установа во Софија.

Поврзани новости