Осуденик од Велес кој бил пуштен на слободен викенд од затворот „Идризово“ каде ја издржувал затворската казна, му се заканувал на поранешниот адвокат.
-Полициски службеници од СВР Велес вчера во 12:50 часот го лишиле од слобода 52-годишниот И.Н. од Велес, кој бил на викенд отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал затворска казна, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот поранешен адвокат, информирала од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска,јави МИА.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, најавија од СВР Велес.