Осуденик избоден со нож во прилепскиот затвор

by fokus

Двајца осуденици нападнале и избоделе со нож друг осуденик во затворот во Прилеп.

-На 07.04.2024 во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, каде издржувале затворски казни, пријавените физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана, соопшти МВР.

СВР Битола сега поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Поврзани новости