Осуден во случајот со убиството на Ѓинѓиќ излезе од затвор

by Fokus

Душан Крсмановиќ, поранешен член на Земунскиот клан, кој е еден од обвинетите за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, е пуштен од затвор, пишува српски Н1..

Крсмановиќ е ослободен пред 20-годишнината од атентатот на поранешниот премиер на Србија. Тој беше ослободен откако ја одлежа казната.

Уапсен е во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда е осуден на 30 години затвор, но со одлука на Апелациониот суд казната му е намалена на 20 години.

Во 2008 година, Крсмановиќ се изјасни за виновен во жалба во која бараше помала казна.

Пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции, Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага.

Поврзани новости