Онлајн средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг заврши. По првиот дел, кој траеше речиси 2 часа, двајцата лидери ги продолжија разговорите. Вториот дел од средбата траеше повеќе од еден час, па се смета дека состанокот заврши половина час подоцна од планираното.
На средбата, двајцата лидери, придружувани од високи претставници, размениле мислења за билатералните односи и прашања од заеднички интерес. Тие разговарале и за стратешки и фундаментални теми, јавија американските медиуми. Инаку, овој состанокот се одржа во момент на зголемени тензии меѓу двете земји.
Бајден го критикуваше Пекинг за кршење на човековите права поврзани со Ујгурите, задушување на демократските протести во Хонг Конг, воена агресија врз Тајван и други прашања. Пекинг, пак, го критикуваше Вашингтон за мешање во внатрешните работи на Кина.
Бајден пред кинескиот колега Си Џинпинг изразил загриженост за состојбата со човековите права во Кина и го предупреди Пекинг да не прави „едностран обид“ за промена на статусот на Тајван, соопшти Белата куќа.
„САД остануваат верни на принципот „една Кина“, но „силно се спротивставуваат“ на секој едностран (обид) да се промени статусот или да се поткопа мирот и стабилноста во Тајванскиот проток“, истакнал Бајден.
Кинескиот претседател, од друга страна, го предупредил својот американски колега „да не си игра со оган“, работејќи за независноста на Тајван, наведува кинеското Министерство за надворешни работи.
„Тајванските власти постојано се обидуваа да добијат независност (со помош на САД), а некои во САД се обидуваат да го искористат Тајван за да ја контролираат Кина“, констатирал Си Џинпинг.
Досега двајцата лидери имале неколку телефонски разговори, од кои последниот во септември.