Европската комисија со најостра осуда за обидот за атентат на главниот обвинител на Бугарија. Ова е недозволиво дејствие, рече портпаролот на Комисијата во одговор на прашање на прес-конференција, јави БТА.
„Ова е бесмислен и кукавички чин на насилство за кој нема место во нашето општество. Очекуваме националните власти одлучно и брзо да ги изведат сторителите на овој грозоморен чин пред лицето на правдата. Засега не можевме да претпоставиме кои се причините за таквиот напад“, додаде портпаролот.
Вчера попладне одекна експлозија на патот, во момент кога автомобилот на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговата колона се движела на патот од Самоков кон Софија.
– Главниот обвинител бил цел на убиство – изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба, Борислав Сарафов.
Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за обид за атентат.