70
САД можат да бидат „безбедни само ако Азија е безбедна“, изјави денеска во Сингапур американскиот министер за одбрана – Лојд Остин.
По средбата со кинескиот министер за одбрана Донг Јун, Остин рече дека азиско-пацифичкиот регион останува „приоритет“ за Вашингтон, и покрај конфликтите во Европа и на Блискиот Исток.
„САД можат да бидат безбедни само ако Азија е безбедна, и затоа САД го задржаа своето присуство во овој регион долго време“, рече Остин на годишната конференција за одбрана Шангри-Ла Дијалог, која ќе трае до утре.
Средбата меѓу Донг и Остин е прва значајна средба на шефовите на одбраната на двете земји во последните 18 месеци.