689
Оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани, содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.
Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира исклучиво на фактите од истрагата, согласно, како што рече, утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.
-Очекувањата се тоа да се случи во следниот период. Премиерот, исто така, апелираше за брза и темелна истрага – изјави Арсовски, додавајќи дека германските експерти се очекува да пристигнат деновиве и тие ќе бидат дел од понатамошната истрага.