Оставки во грчката влада поради шпионскиот скандал

by Fokus

Двајца високи функционери на грчката влада поднесоа во петокот оставки поради зголемениот притисок врз администрацијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис поради шпионскиот скандал во кој беше прислушуван телефонот на еден лидер на опозицијата, пренесува порталот Politico.

Генералниот секретар на владата Григорис Димитријадис, главен соработник и внук на Мицотакис, поднесе оставка, а потоа следеше оставката и на шефот на грчката Национална разузнавачка служба (EIP), Панајотис Контолеон, откако беше обвинет за „несоодветни постапки“ од кабинетот на премиерот.

Двојната оставка уследи по откритијата за обид за хакирање на мобилниот телефон на пратеникот Никос Андролакис со шпионски софтвер наречен „Predator“.

Андрулакис е лидер на третата по големина партија во грчкиот парламент, Пасок, додека Мицотакис потекнува од десноцентристичката партија Нова демократија, наведува Politico.

Поврзани новости