В петок Централниот и Извршниот одбор на партијата ќе расправа за оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев која ја најави по поразот на локалните избори, потврдуваат за Фокус од СДСМ.
Седниците на партиските органи требаше да се одржи вчера, но беше откажан поради големата несреќа во Бугарија во којашто загинаа 45 патници.
Тоа значи дека в петок треба да биде констатирана оставката на Заев и да почне рокот од 15 дена за распишување на внатрепартиски избори за нов претседател на партијата. Најголем фаворит за заменик на Заев е заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски.
Вчера требаше да се одржи партиски состанок и на Алтернатива на кој требаше да се одлучи дали партијата ќе го стабилизира парламентарното мнозинство и дали од опозиција ќе премине во власт.
Откако партијата го одложи состанокот исто така поради трагедијата во Бугарија, од партијата за Фокус велат дека се уште нема закажано Централно претседателство на која ќе треба да излезат со конечна одлука и покрај спротивставените ставови во партијата.
Минатата недела се одржа средба меѓу лидерите на СДСМ и Алтернатива, Африм Гаши. Засега ниту опозицијата, ниту власта немаат парламентарно мнозинство во Собрание, откако Беса од власт замина во опозиција.