Оставката на Заев е пораз за ЕУ, оценува весникот „Франкфуртер алгемајне цајтун“

by Fokus

Поразот на Зоран Заев на локалните избори може да се смета и како пораз на ЕУ и нејзината политика за проширување кон Западен Балкан, а тоа е и лош предзнак за реформите кои и се неопходни на Северна Македонија, ги сублимира Дојче Веле оценките на печатот во Германија и Швајцарија.

– Во мај 2017 година, Зоран Заев стана премиер на Македонија. Во октомври 2021 година, тој ја најави својата оставка. Северна Македонија – членка на НАТО од март 2020 година, во голема мера беше оставена сама на себе во безбедносната политика. Вака би можеле да се опишат изминатите четири и пол години во таа балканска земја, како и наследството на Заев. Но, тука недостига еден важен аспект: на мандатот на Заев влијаеше не само тоа што му успеа, туку, пред се, она што му беше ускратено, наведува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Според германскиот весник, точно е дека Заев успеа да ја преименува Македонија во Северна Македонија и со тоа да ја убеди Грција повеќе да не го блокира приемот на земјата во НАТО, што на домашен план беше храбар, речиси смел маневар.

– Храброста, сепак, не се наградува, или во најдобар случај и беше доделена утешна награда – членство во НАТО. Но, Заев не ја оствари својата основна политичка цел – почеток на преговорите за влез во ЕУ. Не е тој виновен. Напротив, оценува весникот.

Случајот на Заев, додава „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, може да биде пример во регионот и можно е премиерот на Северна Македонија во заминување долго време да биде последниот премиер во регионот кој бил подготвен да преземе голем политички ризик заради т.н. европски перспективи на својата земја.

Поврзани новости