Оставката на Даути e слабост, целиот товар за блокадата на Законот за бранители го понесе Гаши, велат од Вреди

by Fokus

Илире Даути глуми жртва со тоа што поднесе оставка од функцијата претседателка на собраниската комисија за социјална политика, демографија и млади. Тоа е единствената улога што таа знае најдобро да ја одигра, „признавање слабост и показател на неодговорност“ соопштија од коалицијата Вреди.

Оттаму ја обвинија Даути за неспособност да ја води Комисијата и покрај оставката од претседателската функција во ова собраниско тело, тие порачаа да си поднесе оставка и од пратеничката функција.

„Виктимизацијата не може да ги спаси од каењето по обидот да помогнат во блокирањето на Законот за бранителите. На Албанците не им требаат пратеници на кои им недостига храброст и единственото решение за нив е оставката. Можеби во ДУИ или во Речица оваа ваша постапка ќе биде наградена, зашто одговара на политиките на оваа нон-грата партија. Кукавици, неодговорни, лажговци, лажни жртви, бесрамни“, порачаа попладнево од владејачката „Вреди“.

Како што посочуваат, главниот товар за блокадата на законот за бранители, кој што заглави во Комисијата што ја водеше Даути, го понел собранискиот спикер Африм Гаши.

„Тој доби кривична пријава од Левица за покажаната решителност во блокирањето на овој преполовен закон предложен од опозицискиот партнер на ДУИ, СДСМ. Решиле да ги остават ‘Вреди’ и Африм Гаши сами во оваа битка. Но, ова воопшто не ја расипува работата, бидејќи, како што ја започнавме оваа битка одделно, така и ќе ја продолжиме на сличен начин. Оставката на Даути не ја запира нашата кауза, само ја разобличува лично неа и субјектот кој стои зад ДУИ како нон грата“, порачаа од Вреди.

Пратеничката Илире Даути, на која во петокот ѝ беше изгласана интерпелација, денеска поднесе оставка од функцијата претседателка на собраниската комисија за социјална политика, демографија и млади, која на нејзино инсистирање беше констатирана од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Поврзани новости