„Остави го дома автомобилот и дојди да играме фудбал“, едукативно видео за прекумерното користење на возила

by fokus

Од денеска, ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар започнуваат нова едукативна кампања под слоганот „Центар не е паркинг!“ со цел да се подигне свеста на граѓаните за последиците од прекумерното користење на возила.

Во наредните неколку недели, ќе се емитуваат 4 емотивни видео пораки пренесени од деца од различна возраст кои апелираат до граѓаните да ги остават своите автомобили и повеќе да ги користат алтернативните превозни средства со што ќе придонесат многу за тие да живеат во здрава и чиста животна средина. „Овие видеа испраќаат неколку моќни пораки кои ќе придонесат многу во решавање на проблемот со паркирањето во општина Центар, намалување на загадувањето на животната средина и овозможување на хумано живеење во центарот на градот. Со оваа кампања се приклучуваме на Владата на Република Северна Македонија, Градот Скопје и општините кои веќе преземаа низа мерки за намалување на загадувањето и кои како што можеме да забележиме имаат ефект односно значително е намалено нивото на аерозагадување, но мора да сфатиме дека секој од нас мора да придонесе за целосно да го отстраниме овој проблем“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски на денешниот Божиќен појадок со новинари.

Поврзани новости