588
50-годишната жена од Студеничани која си го уби својот сопруг со секира на 1 мај годинава, останува во притвор, откако јавниот обвинител побарал продолжување на определената мерка порди опасност од криење и бегство на обвинетата.
Против неа е поднесен обвинителен акт за убиство.
„Обвинетата на 1 мај 2019 година, во својот дом во Студеничани, при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа му задала три удари со сечивото на сега починатиот“, велат од Обвинителство.