Останала и без мебел и без 1.400 евра

by Fokus

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама.

Во текот на 2024, жена од Тетово нарачала мебел кај пријавениот во вредност од 5.000 евра, при што оставила и капар од 1.400 евра.

Но, пријавениот не ја испорачал нарачката и не ги вратил парите.

 

Поврзани новости