527
Манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” по 26-ти пат ќе се одржи вечерва во салата Борис Трајковски во Скопје, со почеток од 20 часот, а останале уште 40 билети.
Истите може да се купат во цвеќара Розе Веро 2 во Тафталиџе.
Настанот кој секоја година и нуди неколкучасовна забава на публиката, и на сатиричен начин ја прикажува изминатата година, годинава ќе трае три часа, а мотото е ,,Да ги наполниме батериите на евтина струја”.
Организаторот, Ранко Петровиќ објави фотографии од генералната проба, заедно со хрватскиот музичар Џибони, кој вечерва ќе биде еден од учесниците на настанот.
Вики Клинчарова