Осомничените за убиството на Вања спроведени во Кривичниот суд

by Fokus

Четворицата осомничени, меѓу кои и таткото на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска вечерва се спроведени во Кривичниот суд, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор.

Тие под силно полициско обезбедување од затворот „Шутка“ беа донесени во Кривичниот суд.

Осомничени за убиството, покрај таткото на 14-годишното девојче, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, кој е во бегство надвор од државата. За него донесена е наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница.

Вечерва беше уапсен уште еден осомничен во случајот, се работи за 46-годишен скопјанец кој извршил помагање на Љупчо Палевски, да избега во Турција, преку Бугарија и Србија.

Фото:МИА

Поврзани новости