99
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени дека ја убиле Данка Илиќ (2) откако ја прегазиле со автомобил на 40 метри од дворот на куќата во која си играла со мајка си и братот, се донесени во Вишото јавно обвинителство во Заечар на распит, објави Блиц.
Тие се товарат за кривично дело тешко убиство на дете, кое, според измените на Кривичниот законик кои стапија на сила на 01.12.2019 година, се казнува со доживотен затвор без помилување. На осомничените им се доделени бранители по службена должност.
Осомничените за убиството на двегодишното девојче се донесени на рочиштето во обвинителството каде ќе ги изнесат своите одбрани, по што обвинителството ќе одлучува за натамошните чекори во постапката.