Осомничениот за убиството на Тот во Словенија бил осудуван за трговија со дрога за „силување на забави“?

by fokus

Лице чие име се совпаѓа со името на првоосомничениот за нападот на ракометарот, Денис Тот во Словенија бил осуден за трговија со дрога којашто е позната како дрoга за „силување на забави“, пишуваа своевремено на словенечките медиуми.

Ѓоргиевски, кој е роден во Марибор, според она што го пишува во архивите на словенечките медиуми , во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка. Ѓоргиевски со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани автомобили и избегал, но набргу бил фатен од полицијата.

Преку оваа сообраќајка мариборската полиција отркила дека тој е дел од криминална група на дилери на дрога, односно полицијата открила лабораторија за производство на синтетички дроги.

Во октомври истата година во Шентиљ полицијата открила лабораторија за производство на синтетички дроги. Меѓу другото имало и ГБХ (гамахидроксибутират) кој спаѓа во категорија на депресори на нервниот систем или средство за успивање и позната како дрога за силување. Во лабораторијата биле запленети амфетамини и марихуана.

„Фокус“ се обрати до Министерството за внатрешни работи но засега нема одговор дали првоосомничениот бил осоудван во Македонија и дали имало некоја кривична пријава против него.

Засега тј се бара со централна потерница, а не со меѓународна. За убиството на Тот е осомничен тој и уште две други лица кои се во притвор.

Поврзани новости