Осомничениот за трикратното убиство што завчера се случи во Кавадарци, Тони С., денеска е уапсен. Осомничениот бил фатен кај гробиштата во Кавадарци, а со себе носел и пиштол.
Според неофицијалните информации од полицијата, при апсењето 40-годишниот Тони С. се наоѓал во состојба на бунило и само прашал дали се живи жртвите.
Семејната трагедија се случи во неделата во семејната куќа на сега починатите, кога според информациите на МВР, осомничениот ги убил родителите на својата поранешна сопруга, 56-годишната Билјана и 61-годишниот Илија, како и нејзината 33-годишна сестра, Снежана.
Допрва ќе се утврдуваат мотивите за трикратното убиство, а она што е познато е дека неодамна, по десет години брак, осомничениот кавадарчанец се развел од својата сопруга со која имаат две ќерки на седум и деветгодишна возраст.