244
Еден од осомничените за помагање на убиството кај ТЦ „Мавровка“, по кого интензивно трагаше полицијата, попладнево сам се предаде во ПС Кисела Вода, дознава „Телма“ од извори во МВР.
Кривичниот суд попладнево одреди 30-дневен притвор за првоосомничениот за убиството. Второто приведено лице, пак, е ослободено, откако истрагата до овој момент не утврди негова поврзаност со грозоморниот чин.