202
ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против М.Н. (24) од Кочани поради основи на сомнение за обид за убиство по чл. 123 во врска со член 19 од КЗ.
На 14.09.2024 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце М.Н. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од Кочани, дека на паркинг во Кочани на 13.09.2024, додека седеле во автомобилот на В.А. заради купопродажба на мобилен телефон, М.Н. извадил нож и со него го нападнал пријавителот.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а М.Н. е изведен пред судија на претходна постапка и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.