374
Полицијата привела едно лице во врска со кражбата од трезорот на НЛБ Тутунска банка.
Според полициски информации синоќа околу 19 часот во полициската станица во Кисела Вода бил приведен вработениот Б.С. (40).
Вработениот во НЛБ банка, вчера од трезорот на банката во Скопје наводно украл 2 милиони франци и 270 илјади евра и избегал.
Случајот вчера околу 17 часот во полиција го пријавил директорот на трезорот на банката.