504
Енвер Тоска, осомничениот за свирепото убиство во Прилепско имал завршено образование за физиотерапевт, а бил запишан и на курсот во Полициската академија, пишува порталот Сведок.
„Но, таму покажал слаби резултати и првично не бил викнат на работа.По интервенција на високи структури од ДУИ, како што тврдел самиот лично од Али Ахмети, со кого наводно бил роднина, бил примен на работа во полицијата, па дури добил и решение за инспектор. Тоа решение, по реакциите, подоцна било повлечено и останал само обичен полицаец“, пишува Сведок.