Осомничениот Мијалков пристигна во Кривичниот суд

by fokus

Екс директор на УБК, Сашо Мијалков, само што пристигна во Основниот суд Скопје 1, како осомничен во случајот „Трезор“, кој нeодамна го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тој влезе од службениот влез на судот во придружба на адвокатот Никола Додовски, кој е бранител и на раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Во судот пристигнаа и двајца обвинители на СЈО кои денеска ќе го соочат со аргументите на истрагата. Судија на претходна постапка ќе треба да одлучи дали на Мијалков и на останатите двајца осомничени што се на распит ќе им ги одземе пасошите. Во судот денеска не е осомничениот Горан Грујоски, бидејќи за него беше побарано притвор, но судија на претходна постапка го одби ваквото барање на СЈО. Судијата треба да одлучи и по барањето на СЈО да се замрзне нивниот имот.

14937295_10154181645826701_1773429176739745368_n

14915675_10154181645771701_4807908092286491396_n

В.В.

Поврзани новости