Осомничените за убиството на Данка Илиќ паднаа на полиграф, автомобилот го чистеле со киселина

by Fokus

Двајца осомничени за убиството на Данка Илиќ паднаа на полиграф. Откриено е и дека крвта пронајдена во нивното возило, по ДНК анализата, била на Данкa.

Еден од двајцата осомничени го признал тоа што се случило и го потпишал признанието. Убиството го извршиле двајца вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот

„Aвтомобилот е исчистен со киселина за да се извади крвта. Сепак, е забележана една капка крв и била испратена на анализа“, вели изворот за српски Телеграф, додека дел од медиумите објавија непотврдени информации дека во моментот кога удриле во Данка, осомничените биле под дејство на алкохол.

Поврзани новости