Осомничената во предметот „Тифани“ си купувала долна облека и ја прикажувала како потреба на фирмата

by fokus

Една од истрагите за финансиски криминал која денеска ја отвори СЈО е под името „Тифани“ и се однесува на физичко лице како сопственик и управител на „Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје“ и агенцијата „Смарт“ за затајување данок.

Осомничената за 2008 -2014 со намера таа и правните лица да одбегнат плаќање даноци и давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок.

-Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Фирмите на осомничената одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.

Поврзани новости