Осомничен за убиствата во „Шиша бар“ осомничен и за убиството на Оки

by Fokus

Осомничен кој е во противор за двојното убиство што се случи минатата година во март во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија, кога беа убиени двајца припадници на криминалната група „Дуќанџик“ е осомничен и за убиството на водачот на истата криминална група Орхан Бајрами Оки кој пак беше убиен во вила во Ханиоти на Халкидики во Грција.

Грчките медиуми пренесуваат соопштение од тамошните истражни органи кое е објавено денеска дека е идентификуван еден од убијците на Оки и дека станува збор за лице на возраст од триесет и три години со иницијали Г.М.

-Мотивот за кривичното дело е поврзан со ривалството меѓу две криминални групи кои главно се активни во трговија со дрога, се вели во дел од соопштението коешто го пренесуваат грчките медиуми за убиството што се случи летово во јули.

Според иницијалите и со оглед на тоа дека грчките медиуми јавуваат дека осомничениот е веќе во притвор во Скопје,  станува збор за лицето кое во август беше уапсено за „Шиша бар“ под сомнение дека учествувал во купопродажбата на автомобилот кој потоа бил користен за двојното убиство и запален.

Дека е идентификуван убиецот на Оки јавуваат и портали на албански јазик според кои Оки го убиле неколку лица со пиштол „застава“.

Полицијата го идентификувала сторителот бидејќи само на околу 300 метри од местото каде што бил егзекутиран  бил пројаден пиштол „застава“ со 5 куршуми, пар ракавици и качулка што убиецот ја носел за да не биде идентификувани.

Од лабораториската анализа на овие предмети со методот на ДНК, грчките истражители дошле до заклучок дека Г.Т. е убиецот.

Од Македонското министерство за внатрешни работи засега немаат официјални информации за случајот.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости