216
Припадници на СИПА и на Граничната полиција денеска уапсија едно лице за тероризам на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од СИПА соопштија дека тој е приведен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела организирање терористичка група, незаконско формирање и приклучување кон странски паравоени или параполициски организации во врска со кривично дело тероризам, пишува Српскаинфо.
– Уапсениот е приведен во просториите на СИПА, за кривична постапка и распит како осомничен, по што во рокот предвиден со закон ќе биде предаден во натамошна надлежност на Обвинителството на Босна и Херцеговина – соопшти СИПА. .
Споменатите активности беа спроведени во соработка со Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина.