Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Велес извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за вонреден технички преглед на возилата кои учествувале во незгодата- комбето и мотоциклот.
Издадена е и наредба за проверка на крв и урина кај возачот на комбето и за обдукција на починатото лице, кое било на возраст од 30 години. Во текот на вршењето на увидот земени се првични изјави од возачот на комбето и од мотоциклистот кој бил учесник во сообраќајот истовремено со сега починатиот, а со кој заедно се движеле паралелно со патничкото моторно возило.
Основното јавно обвинителство Велес во континуитет презема и други дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.