Основното јавно обвинителство Струмица ги испитува причините за пожарот во гаражата на Судот

by fokus

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во гаражата на Основниот суд во Струмица каде попладнево избувна пожар.

Според првичните сознанија, опожарено е едно службено возило на судот, како и предмети одземени со правосилни судски пресуди донесени пред повеќе години. Во насока на утврдување на причините за пожарот, издадена е наредба за прибирање на траги од лице место, како и за прегледување на снимките од видео надзорот над објектот, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија

Поврзани новости