380
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство донесе наредба за обезбедување и прибирање траги од лице место за настанот кој се случи синоќа во скопски Чаир, кога едно лице беше лишено од живот, се наведува во соопштението од ОЈО.
Од таму додаваат дека е издадена и наредба за вршење обдукција на починатата.
„Обвинителството презема бројни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот и кривичната одговорност на сторителот. Истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје продолжува“ – се наведува понатаму во соопштението.